Вие имате прво да ја знаете вистината

Америка прво да си ги реши домашните проблеми а потоа да организира „Самит за демократија“, се вели во соопштението на МНР Русија

САД треба прво да ги решат своите проблеми и да ги надминат социјалните поделби во нивното опшество пред да почнат да испорачуваат демократија на други – се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Пред да почнат да испорачуваат демократија на други, ги повикуваме САД и нејзините партнери прво да ги решат проблемите во нивниот дом и да се обидат да го надминат длабокиот јаз во општеството за прашањата на етика, вредности, визијата за нивното минато и иднина, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека, обидувајќи се да ја игра улогата на „глобален демократски лидер“, Соединетите Американски Држави со години го предводат светот по бројот на затвореници, кој е повеќе од два милиони.

слика од затвор во САД

Условите во многу затвори се понижувачки. Вашингтон продолжува да ги прикрива случаите на тортура во специјалниот затвор во Гвантанамо. Специјалните американски служби имаат практика, која е невидена за современиот свет, практика на отворање тајни затвори на териториите на сојузните земји – стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Исто така, се забележува дека лобирањето во Соединетите Америкаснки Држави е всушност легализирана форма на корупција.

Претставниците на законодавниот дом се де факто контролирани од крупниот бизнис. Тие и внатре и надвор од државата ги застапуваат пред се интересите на нивните „спонзори“, кои по правило се приватни корпорации, а не народот и гласачите – подвлекуваат во МНР на Русија.

„Самитот за демократија“ е планиран да се одржи од 9 до 10 декември. САД поканија 110 земји, освен Русија и Кина. Во исто време, на списокот на поканети се и Тајван, кој САД, заедно со другите земји, формално сметаат дека е дел од „една Кина.“ Амбасадорот во САД, Анатолиј Антонов смета дека овој настан е насочен и организиран против Русија и Кина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!