Вие имате прво да ја знаете вистината

Австрија го продолжува карантинот до 11 декември, мерките за невакцинираните ќе продолжат и по карантинот

Карантинот во Австрија официјално е продолжен до 11 декември, како и што беше планирано поради големиот број заразени со новиот вид на Ковид-19.

Австрискиот парламент во вторникот потпиша продолжување на четвртиот национален карантин во земјата поради пандемијата, кој започна на 22 ноември, соопштува австриската новинарска агенција.

Според новата одлука, продавниците кои преставуваат место од каде граѓаните можат да ги набават своите основни потреби, работеа до 21 часот, а според новите мерки ќе работат до 19 часот до 11 декември.

Владата воведе нови мерки поради зголемувањето на смртните случаи. Болниците во тешко погодените региони предупредија дека единиците за интензивна нега го достигнуваат капацитетот.

Луѓето можат да ги напуштат своите домови само поради соодветни причини, вклучително и купување намирници, одење на лекар или вежбање.

Дневните центри и училиштата останаа отворени за оние на кои им е потребна физичка настава, но од родителите беше побарано да ги задржат своите деца дома доколку е можно. Што ќе се случи по 11 декември ќе зависи од тогашната ситуација.

Сепак, официјалните лица рекоа дека ограничувањата ќе останат во сила за невакцинираните граѓани и по 11 декември.

Австрија има релативно ниска стапка на вакцинација во Западна Европа, со нешто помалку од 67 отсто од населението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!