Вие имате прво да ја знаете вистината

Бомба експлодираше во Минхен, повредени најмалку три лица

Најмалку три лица се повредени по експлозија на бомба во близина на железничка станица во германскиот град Минхен, соопшти Германската полиција.

Во соопштението се наведува дека експлодирала бомба од Втората светска војна која се наоѓала во непосредна близина на железничката станица Донерсбергербрук.

Експлозијата наводно се случила за време на градежни активности кои се одвивале надвор од станицата.

Засега нема докази дека се работи за криминално дело или намерно направено дело. Според првичните сознанија, имаме три повредени лица, подрачјето е во голема мера блокирано, а сообраќајот на возовите исто така е блокиран, изјави офицерот на полицијата во Минхен, Питер Вертман.

Засега нема опасност од друга експлозија во оваа област, надополнија од полицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!