Вие имате прво да ја знаете вистината

Брајан Адамс два пати позитивен од Ковид-19 за време од еден месец!

Познатиот канадски музичар, Брајан Адамс објави дека е позитивен на Ковид-19, по втор пат за време траење од еден месец, а американскиот епидемиолог, Ентони Фаучи наведува дека е можно вирусот да му останал во телото и поради тоа да следи ваква ситуација.

https://www.instagram.com/p/CWs85sHMEuC/?utm_source=ig_web_copy_link

Адамс пристигнал во Милано во четвртокот за да го претстави календарот на Пирели за 2022 година, кој го фотографираше, каде што и беше тестиран по пристигнувањето на аеродромот во Милано.

Канадскиот рок-пејач откри дека е позитивен на Ковид-19 во објава на својот Инстаграм профил, каде што објави фотографија од него во хотелската соба откако бил тестиран, а потоа објави фотографија на која се гледа како оди во болница за да направи посигурен PCR тест.

https://www.instagram.com/p/CWv9e1SMyiT/?utm_source=ig_web_copy_link

Во октомври, Адамс мораше да се откаже од својот настап на церемонијата по повод воведувањето во Куќата на славните на рокенролот, откако беше утврдено дека е позитивен на Ковид-19.

Неговиот портпарол тогаш изјави дека Адамс бил целосно вакциниран и немал никакви симптоми.

Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи во петокот изјави за CNN дека иако не сака да шпекулира за случајот на Адамс, може да биде дека тој сè уште го има вирусот во себе и дека е позитивен затоа што неговото тело не се ослободило од вирусот. Утврдивме дека кога луѓето со ослабен имунолошки систем ќе се заразат, вирусот може да се задржи, изјави Фаучи.

Тој напомена дека не знае ништо за здравствената состојба на познатиот музичар и дека навистина не сака да даде каков било коментар за тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!