Вие имате прво да ја знаете вистината

ЦДЦ наложи прибирање на личните податоци на лицата кои патувале на меѓународни линии

По наредба на американските власти, авиокомпаниите се задолжени да ги предадат податоците за патниците кои до неодамна патувале во осум јужноафрикански држави, а потоа податоците ќе бидат предадени на локалните и државните здравствени агенции.

ЦДЦ ( Центрите за контрола и превенција на болести ) бараат од авиокомпаниите да ги достават имињата и деталите за сите патници кои патувале во Боцвана, Есватини, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Јужна Африка или Зимбабве во минатите 14 дена, повикувајќи се на појавата на Омикрон.

– ЦДЦ ќе ги предаде податоците за контакти на тие патници на релевантните државни и локални власти за јавно здравје со цел потенцијален надзор на јавното здравје, што може да вклучува препораки за тестирање, карантин и изолација, им порача ЦДЦ на авиокомпаниите.

Од 8 ноември веќе постоеше мерка спроведена од ЦДЦ за прибирање на податоци за вкупниот број на патниците кои патувале на меѓународни линии, но досега не бараше доставување на личните податоци и имиња на истите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!