Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали моцарт куглите ќе станат “горчливи”: Банкрот на Салцбург Шоколаде

Компанијата Салцбург Шоколаде од Гродиг, Австрија, најпозната по производството на слатки „Моцарт топки“, поднесе барање за стечај.

По стечајот на компанијата, рано изутринава се воделе разговори меѓу раководството и претставниците на синдикатот, на кои од Салцбург школоладе рекле дека не се во можност да им ги исплатат ноемвриските плати на работниците.

„Компанијата е тешко погодена од пандемијата од 2020 година“, рече извршниот директор Кристијан Шугерл.

Овој развој на настаните е шок за сите во Салцбург и ова сценарио, со оглед на популарноста на оваа чоколадно колаче, никој не можеше да го предвиди.

Погонот Салцбург Шоколаде во Чешка и натаму останува отворен.

Инаку, оваа компанија е основана во 19 век. Најголем раст доживеа по Втората светска војна. Светски познатите „Моцарт топки“ и другите слатки со кои забележаа најголем продажен успех, се произведуваат во Гродиг од 1948 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!