Џулија Робертс објави ретка фотографија од своите деца близначки, кои речиси никогаш не ги покажува во јавност (фото)
Џулија Робертс на својот Инстаграм профил објави досега невидена фотографија со своите близнаци која ретко ги покажува во јавноста.
Една од омилените холивудски актерки и девојка која има неодолива насмевка, Џулија Робертс, на социјалните мрежи објави ретка фотографија од своите близнаци кои ги добила со денешниот сопруг Дени Модера по повод нивниот 17-ти роденден.
На својот Инстаграм профил, 54-годишната Џулија сподели фотографија на која позира со Хејзел Патриша и Финеус Фин Волтер кога тие биле бебиња, чиј приватен живот инаку го држи подалеку од јавноста и многу малку се знае за нив.
Хејзел за прв пат се појави на црвениот тепих во јуни годинава во Кан на премиерата на филмот „Ден на знамето“, која пристигна во друштво на нејзиниот татко.

Даниел и Џулија застанаа пред олтарот во 2002 година, а неодамна ја прославија 19-годишнината од бракот која исто така ја одбележаа на социјалните мрежи, каде објавија заеднички фотографии.
Во последните неколку месеци почнаа да се шират гласини дека парот е пред развод, но Џулија и Даниел за медиумите изјавија дека тоа се само озборувања на кои не обрнуваат внимание. Меѓутоа, со децата разговарале за се бидејќи не сакаат да добијат погрешен впечаток, а на децата одамна им објасниле дека постои можност да се повторат слични гласини со оглед на тоа што и двајцата се познати личности.