Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма во средно училиште во Америка, мртвите и ранетите ги изнесуваа од училниците, се огласи и Бајден (видео)

15-годишно момче во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген, кое пукало од полуавтоматски пиштол, денеска убило тројца соученици и ранило уште осум лица пред да биде приведен, соопшти полицијата.

Потврдено е дека еден од ранетите е наставник во средното училиште Оксфорд, во градот Оксфорд, 65 километри северно од Детроит, објави Канцеларијата на шерифот на округот Окленд .

Убиени се 16-годишно момче, 17-годишно девојче и 14-годишно девојче, изјави за новинарите на лице место заменик-шерифот Мајкл Мекејб, пренесува Ројтерс.

Се верува дека осомничениот, ученик во втора година во ова училиште, дејствувал сам и не давал отпор при апсењето, откако претходно испукал 15 до 20 истрели, а целиот инцидент траел околу пет минути, изјави Мекејб.

Детроитската локална телевизија WDIV објави дека осомничениот не и открил ништо на полицијата и побарал да разговара со адвокат.

Претседателот Џозеф Бајден ја слушна веста за овој инцидент за време на посетата на Техничкиот колеџ во Минесота, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Моето срце е со семејствата кои минуваат низ незамислива тага поради загубата на нивните најблиски “, рече Бајден од Минесота.

Гувернерот на Мичиген, Гретчен Витмер, пукањето во средно училиште го нарече „ужасно“.

„Како граѓани на Мичиген, имаме одговорност да направиме се што можеме за да се заштитиме едни со други од оружено насилство“, рече Витмар во изјавата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!