Вие имате прво да ја знаете вистината

Европската комисија сакала да го избриште терминот „божиќни празници“ !? Поради бунт на Ватикан овој потег е спречен

Европската комисија денеска ги повлече предлозите терминот „божиќни празници“ да се замени со терминот „празничен период“. Внатрешниот документ беше повлечен по бунтот од страна на конзервативците и Ватикан, кои овој обид го нарекоа поништување на христијанските корени во Европа.

Европската комесарка за еднаквост, Хелена Дали изјави дека документот има за цел да ја истакне различноста на Европа и да ја покаже инклузивната природа на Европската комисија.

Внатрешните упатства испратени до персоналот за употреба на различни термини во комуникацијата, кои некако протекоа во јавноста, исто така сугерираат да не се кажува дека сите се христијани и сите треба да го нарекуваат тој период како „божиќни празници“, со цел да се избегнува употребата на термини кои се јасно поврзани со одредена религија, пол или брачен статус.

Европската комисија призна дека биле испратени такви насоки, но дека тоа е само внатрешен документ подготвен на техничко ниво со цел да се зголеми свеста за еднаквост во комуникацијата.

Кристијан Виганд, портпарол на Европската комисија, изјави дека Комисијата не ја забранува или обесхрабрува употребата на терминот „Божиќ“, туку целта била само да се подигне свеста дека сите се еднакви.

Сепак, тој изјави дека Комисијата сфатила дека документот е лошо оформен и дека не е во согласност со стандардите за кои се залага Европската Унија и затоа истиот е поништен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!