Вие имате прво да ја знаете вистината

Мигрант кој го преживеа давењето во Ла Манш: Видов луѓе како умираат

Помина речиси една недела откако 27 мигранти се удавија во Ла Манш во обид да стигнат до Британија, во најтешката несреќа во која загинаа мигранти во каналот меѓу Франција и Британија.

Каналот Ла Манш или англискиот канал, како што го нарекуваат Британците, е една од најфреквентните бродски рути, а струите во него се силни. Шверцерите обично ги преоптоваруваат гумените чамци со луѓе за да превезуваат мигранти, оставајќи ги едвај на површината, на милоста на брановите додека се обидуваат да стигнат до британските брегови.

Еден од само двајцата луѓе кои ја преживеале несреќата е 28-годишниот Мохамед Иса Омар. Тој откри шокантно сведоштво во интервју за Би-Би-Си.

“Водата беше многу, многу студена. Видов луѓе како умираат пред мене. Оние кои не знаеја да пливаат се удавија за неколку минути”, рекол Омар.

„Нашите мобилни телефони веќе беа во морето. Но,на еден од нас сè уште му работеше мобилниот телефон и тој испрати СОС порака. Пред да ја испрати локацијата, неговиот мобилен телефон исто така падна во морето и се се распадна“, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!