Вие имате прво да ја знаете вистината

Нов случај на Омикрон во Белгија, болниците ги откажуваат операциите, до 10 декември очекуваат 1.000 пациенти на интезивна нега!?

Нов случај на инфекција со новиот вид на Ковид-19 вирусот – Омикрон, е идентификуван во Белгија.

Станува збор за вакцинирано лице кое немало контакт со првиот регистриран носител на овој вирус на територијата на Белгија и кој не патувал во странство, туку имал контакти со некој што патувал надвор од државата.

Лекарите додаваат дека симптомите на инфекцијата кај оваа личност се благи.

Досега имаме два потврдени случаи на Омикрон во Белгија. Овие двајца пациенти не се поврзани. Бројот на заразени би можел да достигне до десет во следните неколку часа – изјави микробиологот, Емануел Андре, одговорен на белгиската национална лабораторија за Ковид-19.

Претходниот ден, белгиските национални власти ги повикаа сите болници во Белгија веднаш да ги одложат сите итни третмани за две недели со цел да се ослободат креветите за пациентите заболени со Ковид-19.

Се проценува дека до 10 декември над 1.000 пациенти заразени со Ковид-19 ќе бидат на интензивна нега во белгиските болници.

Сите итни операции и активности кои користат интензивна нега, класични хоспитализации кои не користат интензивна нега, како и еднодневни хируршки интервенции кои не користат интензивна нега, се одложуваат за две недели.

Важните и спасувачките операции и терапии како хемотерапија, дијализа или неопходна рехабилитација ќе продолжат како и досега.

Извесно е дека приливот на пациенти ќе продолжи и во наредните недели. Тоа повеќе не можеме да го спречиме, а новите мерки ќе имаат ефект дури во наредниот период – предупредуваат белгиските здравствени власти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!