Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови мерки за влез во Франција: Без разлика дали сте вакцинирани или не, негативен тест е условот за влез!

Франција ќе бара од сите патници кои доаѓаат надвор од Европската Унија да покажат негативен тест за Ковид-19, без оглед на статусот на вакцинација.

По редовниот неделен состанок на Министерството за одбрана, владиниот портпарол, Габриел Атал им потврди на новинарите дека од следната сабота сите патници, вакцинирани или не, ќе мора да покажат негативен тест при влез во земјата.

Овој потег уследи откако голем број земји ширум светот ги заостри условите за влез на странски патници поради појавата на новиот вид на Ковид-19, Омикрон, кој се прошири во неколку земји од ЕУ.

Одлуката на Париз ќе важи и за граѓаните на Велика Британија, иако се ревакцинирани.

На невакцинираните патници им е дозволен влез во Франција само доколку имаат важна причина за доаѓање во таа земја, а исто така и за нив важи правилото дека мора да покажат негативен PCR или тест за антиген кој е направен 24 часа пред влезот во државата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!