Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон стигна и во земјата со целосно вакцинирано население: Регистриран првиот случај со новиот вид на вирусот во Обединетите Арапски Емирати

Обединетите Арапски Емирати денеска соопштија дека во земјата е откриен првиот случај од новиот вид на Ковид-19, Омикрон, кај жена од Африка, јавија локалните медиуми.

ОАЕ е втората земја во регионот на Персискиот Залив што откри случај на инфекција со Омикрон, откако Саудиска Арабија претходно го пријави првиот случај.

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера соопштија дека тие се првата земја во светот што вакцинирала 100 отсто од своето население против Ковид-19 со најмалку една доза.

Околу 90 отсто од населението досега примиле вкупно две дози вакцини против вирусот, според Управата за управување со кризи и катастрофи (НЦЕМА).

Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД, ова исто така ја прави заливската држава светски лидер во целосната вакцинација.

Севкупно, земјата администрирала речиси 22 милиони дози вакцини кај нејзините речиси 10 милиони жители, објави НЦЕМА преку својот Твитер профил. Земјата веќе започна да дава и трета односно бустер доза на својте жители.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!