Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова стана најгледаниот филм во историјата на Нетфликс, соборувајќи ги сите рекорди! (видео)

Нетфликс објави дека акционата комедија, Red Notice е нивниот најгледан филм. Филмот беше објавен на платформата на 12 ноември, а веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг сервисот кој е гледан за еден ден. 

Филмот беше во категоријата топ 10 филмови во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на Нетфликс го гледале филмот.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите од филмот, Гал Гадот и Двејн Џонсон.

Леле, леле, леле ! Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодупевена од оваа луда статистика и информација. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на Нетфликс !Вие сте причината поради која го снимавме овој филм. Вашата љубов ни значи се. Ви благодариме, напиша Гал во описот на објавата на социјалната мрежа Инстаграм. 

https://www.instagram.com/p/CW7Y_itLJAD/?utm_source=ig_web_copy_link

Објавата за добрите вести на својот Инстаграм профил ја сподели и главната ѕвезда на филмот, познатиот The Rock, кој им се заблагодари на гледачите и истакна дека на филмот Red Notice му претходел најгледаниот филм Bird Box, со Сандра Булок во главната улога. 

https://www.instagram.com/p/CW7N4DiLRFs/?utm_source=ig_web_copy_link

Последниот најгледан филм на Нетфликс беше, Bird Box, кој заработи 282 милиони часови во првите четири недели, додека Red Notice заработи 328,8 милиони часови на гледаност за само три недели. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!