Вчерашниот инцидент со американскиот борбен авион Ф-16, кој исфрли два резервоари со гориво над ненаселени области во префектурата Аомори, резултираше со барање за нивно приземјување.
Министерот за одбрана Нуо Киши побара привремено приземјување на авионите во Јапонија и ја повика американската војска да го преземе истиот чекор, истакнувајќи дека „многу сериозно“ треба да се сфати инцидентот и оцени дека летовите со овие авиони треба да бидат прекинати додека не се потврди нивната безбедност.
Според 35-то борбено крило во воздухопловната база Мисава, проблематичниот Ф-16 исфрлил два резервоари со гориво пред принудно да слета на аеродромот Аомори поради проблеми во текот на летот.