Вие имате прво да ја знаете вистината

Полска воведува тримесечна забрана за влез во пограничните области со Белорусија

Полскиот министер за внатрешни работи, Мариуш Камински воведе тримесечна забрана за неовластени лица да влегуваат во зоните на границата со Белорусија, според указот објавен во вторникот вечерта.

Забраната ќе се применува во 183 населени места, лоцирани во радиус од три километри од границата со Белорусија. Ограничувањата ќе стапат на сила од 1 декември и ќе траат до 1 март.

Указот е објавен во согласност со новите измени на законот за полската државна граница, кои вчера беа усвоени од полскиот претседател и парламентот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!