Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради невремето што ја зафати Велика Британија веќе петти ден 30.000 луѓе се без електрична енергија

Околу 30.000 луѓе на северот од Англија и Шкотска се без струја во поголемиот дел од неделата по невремето и снегот што ја зафатија оваа област.

Бурата Арвен ги погоди северните и западните делови на Велика Британија во петокот и за време на викендот. Имаше прекини во транспортот и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Без струја главно се жителите од руралните и тешко достапните места. Официјални лица соопштија дека три лица загинале во инциденти поврзани со невремето.

Министерот за бизнис, енергетика и индустриска стратегија, Кваси Квартенг изјави во парламентот дека речиси милион луѓе, или околу 95 отсто од погодените, повторно добиле струја, додека околу 30.000 сè уште се без струја.

Квартенг изјави дека Велика Британија мора да биде подготвена за поекстремни временски услови поради климатските промени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!