Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот монах Сергије осуден и испратен на робија, ги наговарал монахињите да извршат самоубиство

Измајловскиот суд во Москва го осуди поранешниот шиигуман Сергиј Романов на три и пол години затвор, пишува РИА Новости.

Судијата рече дека овој отпуштен монах казната ќе ја отслужи во колонија, затвор каде има обврска за принудна работа.

Државниот обвинител бараше затворска казна во траење од четири години.

Отпуштениот монах е обвинет и се терети дека ги повикал монахињите да се самоубијат, како и дека одбил да го напушти манастирот дури и откако бил протеран од црквата.

Поранешниот монах Сергије негираше дека ги повикал монахињите да се самоубијат, туку дека ја испитувал нивната подготвеност за „духовен патриотизам“.

Околу 30 приврзаници на отпуштениот монах се собраа во близина на зградата на судот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!