Вие имате прво да ја знаете вистината

Принцот Чарлс остро ги негираше обвинувањата за неговите наводни расистички коментари за својот внук!

Приватната канцеларија на принцот Чарлс (73) ги негираше тврдењата од новата книга за кралското семејство, во која се наведува дека токму тој шпекулирал и зборувал негативни работи за бојата на кожата на идните деца на принцот Хари (37) и неговата сопруга, Меган Маркл (40).

Американскиот новинар и писател Кристофер Андерсен (72), во својата книга посветена на кралското семејство во која посебен акцет дава на животот на Вилијам, Кејт, Хари и Меган, напиша дека принцот Чарлс дал контроверзен и понижувачки коментар на денот на свршувачката на Хари во ноември 2017 година.

Тој тврди дека Чарлс тогаш на тој ден и рекол на својата сопруга Камила (74) да се запраша како ќе изгледаат децата на Хари и Меган, на што таа одговорила: Па, апсолутно убави, сигурна сум.

Наводно потоа принцот на својата сопруга и кажал дека мислел на бојата на кожата на децата.

Мислам, каков може да биде нивниот тен, кажал Чарлс во тоа време, според книгата.

Кларенс Хаус од приватниот кабинет на принцот од Валц, во понеделникот решително ја демантираше гореспоменатата верзија на настаните.

Тоа е измислица и не вреди да се коментира, изјави тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!