Вие имате прво да ја знаете вистината

Први фотографии од Минхен! Експолдира бомба од Втората светска војна, има и повредени (фото)

Тресокот од екплозијата се слушнал на неколку километри од местото на настанот.

Како што претходно објавивме, силна експлозија одекна денеска во близина на фреквентна железничка станица во германскиот град Минхен.

Експлозијата се случила за време на градежни работи во близина на станицата Донерсбергербрике. За време на експлозијата беа повредени три лица. За време на дупчењето градежните работници наишле на експлозивна направа тешка 250 килограми скриена во земјата.

При дупчењето беше погодена воздушна бомба тешка 250 килограми од Втората светска војна. Отпадоците летале стотици метри. Во моментов се пребарува целата област – изјави министерот за внатрешни работи на Германија.

Полицијата соопшти дека нема опасност надвор од непосредната околина од настанот. Засега не е позната причината за експлозијата, но нема ниту докази за можно кривично дело.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!