Вие имате прво да ја знаете вистината

Разорна бура го погоди југоистокот на Шкотска! Настрадаа стотици младунчиња на фоки!

Стотици младунчиња на фоки настрадаа за време на разорната бура Арвен минатиот викенд во природниот резерват во југоисточна Шкотска.

Од Националниот институт кој стопанисува со резерватот Сент Абс, велат дека досега немале ваква катастрофа.

Шкотските власти наведуваат дека 224 мртви младунчиња биле пронајдени во водата во областа на заливот Петико Вик и дека имало уште се на брегот.

Понатамошните истраги ќе ја утврдат состојбата со другите колонии на фоки во оваа област, но велат дека „тоа не изгледа добро“, пренесува Би-Би-Си.

Во текот на изминатата деценија, популацијата на овие животни значително се зголеми, иако до 2007 година воопшто немаше фоки.

Тоа постепено се промени, па минатата година го соборија рекордот со 1.800 нови младунчиња.

Националното биро известува дека разорната бура Арвен нанела голема штета на животинскиот свет во оваа област на Шкотска во текот на викендот.

За жал, се чини дека ги загубивме повеќето младенчиња фоки во ова невреме – напишаа тие на Фејсбук.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!