Вие имате прво да ја знаете вистината

Шок во Манчестер – Легендата на Сити ќе го превземе кормилото на Јунајтед !? Тој му ја „украде“ титулата на Фергусон а сега се зависи од баражот за Мундијалот во Катар

Од екипата на Манчестер Јунајтед пристигнуваат неочекувани вести. Откако беше потврдено дека тимот до крајот на сезоната го донесе Ралф Рангник на тренерската позиција, сега се споменува изненадувачко име во трката за наследник на Германецот.

Јунајтед би можел да го доведе поранешниот тренер на Манчестер Сити, Роберт Манчини во летото 2022 година.

Како што ексклузивно дознаваат британските медиуми, Роберто Манчини е уште еден кандидат за тренерската позиција на клупата на Манчестер Јунајтед за сезоната 2022/23.

Тие наведуваат дека за такво нешто сепак би биле потребни неколку работи. Секако, многу зависи од баражот за Мундијалот (СП) кој е закажан за март 2022 година.

Италија на Манчини ќе игра со нашата фудбалска репрезентација, Македонија, а доколку успеат да издвојат победа над нас ги следи дуел со Португалија, па јасно е дека е крајно неизвесно дали „азурите“ ќе бидат во Катар на крајот на 2022 година.

Доколку не успеат во тоа, Манчини би можел да биде кандидат за тренер на Јунајтед, но проблемот е што еднаш имаше успеси на клупата на Манчестер Сити, па дури и стигна до трофејот во Премиер лигата.

Манчини има договор со Италија до 2026 година, но евентуален неуспех во баражот може да доведе до разделба и покрај тоа што „азурите“ годинава станаа европски шампиони.

Помеѓу кандидатите за тренери на Јунајтед од следната сезона се и Маурисио Покетино, Ерик тен Хаг, Брендан Роџерс, Зинедин Зидан.

Манчини ја освои веројатно најдраматичната титула на англискиот шампион на клупата на Манчестер Сити, кога неговиот тим му ја „откина“ титулата на Манчестер Јунајтед на Сер Алекс Фергусон со голот на Серхио Агуеро во последната минута од сезоната.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!