Вие имате прво да ја знаете вистината

Шокантна исповед на Тајгер Вудс: Имаше огромни шанси од болница да излезам без една нога!

Кон крајот на февруари 2021 година, еден од најпознатите спортисти на денешницата доживеа тешка сообраќајна несреќа. 45-годишниот Тајгер Вудс возел автомобил кој неколку пати се превртел и од кој морале да го извлечат пожарникарите.

Тогаш целата јавност, и сите негови блиски беа загрижени дали ќе ги преживее тешките повреди со кои се здоби, а неговото закрепнување траеше со месеци. Се уште не е целосно завршено закрепнувањето, а како што открива американскиот спортист – големи биле шансите да му ја ампутираат ногата во болницата !

За среќа, тоа не се случило, па успеа тој да се врати во некаква задоволителна форма со напорни вежби. Сега прави планови за турнирите на кои ќе игра во иднина, но свесен е дека можеше да биде сликата денеска поинаку.

Направив голем напредок во опоравувањето и сега сум добро. Додека бев во болница, имаше 50 отсто шанси да ја напуштам болницата само со една нога. Кога сфатив дека ќе ја задржам ногата, тогаш морав да почнам да ги тренирам шаките и рацете, па ја замолив мојата девојка и пријателите да фрлаат предмети по мене додека лежам во кревет за да можам да вежбам, се присетува Тајгер на моментите во болница.

Американецот е еден од најуспешните голф играчи на сите времиња, а поради популарноста што ја донесе во овој спорт, многумина го сметаат за најдобриот играч на сите времиња.

На бројните листи за успешни луѓе во светот спортот, Вудс е на прво место. Зад него е империјата, а според заработката која ја заработуваше во текот на кариерата, нема многу блиски до спортот кои можат да се споредат со него. Таквата популарност му ја должи на човекот кој стои зад целата идеја, но и на неговите одлични резултати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!