Вие имате прво да ја знаете вистината

Словачка предлага ваучер од 500 евра за граѓаните кој ќе се вакцинираат против Ковид-19 а се постари од 60 години!

Владата на Словачка денеска предложи план за доделување ваучер во износ од 500 евра на лица постари од 60 години доколку се вакцинираат против Ковид-19 вирусот, изјави министерот за финансии на таа земја, Игор Матовиќ.

Мерката, која ја најави министерот Матовиќ, треба да ја зголеми стапката на вакцинација, која е помеѓу најниските во Европската Унија.

Во земја со 5,5 милиони жители досега целосно се вакцинирани само 46,1 отсто од граѓаните.

Се наведува дека владејачката коалиција во Словачка е поделена околу новиот план за вакцинација.

Партијата Слобода и солидарност, се спротивстави на овој владин предлог и изјави дека е подготвена да поддржи ваучер со износ од 150 евра, а не од 500 евра.

Се наведува дека предлог-законот сега ќе оди на гласање во парламентот, а за усвојување на овој план ќе биде потребна поддршка и од опозицијата.

Овој ваучер во вредност од 500 евра може да се користи во ресторани, кафулиња, хотели или за купување билети за спорт, театар, кино, изложби или концерти.

Може да се користи и за плаќање на услугите на фризерски салони или фитнес центри.

Матовиќ изјави дека парите од државата ќе значат и стотици милиони евра дополнителна помош за секторите најтешко погодени од пандемијата поради владините ограничувања.

Од Министерството за финансии проценуваат дека за оваа мерка за поддршка на граѓаните треба да се издвојат околу 500 милиони евра.

Словачка минатиот четврток влезе во двонеделен карантин, кој ќе важи низ целата земја бидејќи бројките на ново заразени со Ковид-19 достигнаа рекордни нивоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!