Вие имате прво да ја знаете вистината

Сопругата на Мишо Ковач со добри вести: Тој е добар, денеска излегува од болница

Пејачката балканска легенда, Мишо Ковач (80) од минатиот четврток се лекува во Сплитската болница  за белодробни заболувања.

Според балканските медиуми, неговата сопруга, Лидија Ковач открила дека пејачот денеска ја напушта болницата.

Мишо е добро, благодарение на Бога, па и јас сум добро. Во среда излегува од болница – изјавила Лидија за сопругот за кој се сомневале дека има воспаление на белите дробови, но на крајот се испоставило дека не е тоа.

За потсетување, пејачот пред две години се лекуваше во специјалната болница за белодробни заболувања во Загреб, каде закрепнуваше од тешката белодробна инфекција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!