Вие имате прво да ја знаете вистината

Србија воведе нови мерки, за прв пат во пандемијата една седница на Кризниот штаб беше закажана како итна

Седницата на Кризниот штаб во соседна Србија започна во 15 часот, а на барање на медицинскиот оддел за првпат седницата беше означена како „итна“ поради новиот вид на Ковид-19, Омикрон кој се приближува кон Србија.

На седницата се разговарало и за Ковид-19 сертификатите, поточно за нивната примена од 18 часот, како и за училишниот распуст и мерките што ќе се воведат во скијачките центри.

https://www.facebook.com/srbijadanasvesti/videos/631679424688644

Што се однесува до прославите и Ковид-19 сертификатите, беше изјавено дека се очекува да се почитуваат веќе донесените мерки на претпазливост, а сертификатот за Ковид-19 засега ќе биде на сила од 20 часот.

Кисиќ го коментираше и новиот вид Омикрон: Кај овој нов вид забележани се малку поголем број на мутации, дури над 50, од ​​кои 10 се во делот каде што вирусот се врзува за клетката. Не знаеме дали тие влијаат на клиничката слика. Ниту една потешка форма не е регистрирана во Јужна Африка. Не е утврдено дека се пренесува побрзо. Она што охрабрува е што постојните вакцини го покриваат и него. Дали ќе дојде кај нас ? Сигурно е дека ќе дојде. Не може да се исклучи и можноста дека можеби и сега е присутен. Не изгледа толку страшно како што изгледаше на почетокот.

Србија воведе нови мерки по седницата на Кризниот штаб, изјави за медиумите членот на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Зимскиот одмор на учениците е од 31 декември и ќе трае до 24 јануари. – изјави таа.

Кога станува збор за новиот вид на Ковид-19, се воведуваат мерки за патниците од јужноафриканските земји.

Патниците од Јужна Африка и земјите од Малави, Боцвана, Намибија и Зимбабве ќе бидат подложени на мерки. На аеродромот ќе се изврши PCR тест. Доколку се негативни, ќе бидат ставени во карантин 14 дена, со обврска седмиот ден повторно да направат PCR тест. А доколку во случај тие да се позитивни, тие ќе бидат префрлени на брза помош во Ковид центрите – потврди Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!