Вие имате прво да ја знаете вистината

Србите одат на референдум, ќе го менуваат Уставот, ама Косово не го давале, тоа ќе останело во Уставот на Србија

Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ вчера вечер потпиша референдум за промена на Уставот на Србија.

Референдумот ќе се одржи на 16 јануари 2022 година од 7 до 20 часот. На референдумот граѓаните се изјаснуваат на референдумското прашање: „Дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“, и одговараат со да или не – рече Дачиќ.

Тој вели дека промената на Уставот се однесува само на делот што се однесува на организацијата на власта, поточно изборот на судии и повтори дека тоа нема никаква врска со преамбулата и Косово, кое секогаш ќе биде Србија.

Референдумот беше распишан по завршувањето на посебната седница на парламентот, на која се одржа заедничка расправа за Предлог-актот за изменување и дополнување на Уставот на Србија, Предлог-уставниот закон за спроведување на тој закон и Предлог-одлуката за распишување референдум, да го потврди Законот за изменување и дополнување на Уставот.

Предлозите што ги усвоија пратениците, а кои треба да ги потврдат и граѓаните, ќе овозможат измени на Уставот во делот што се однесува на судството.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!