Вие имате прво да ја знаете вистината

Стоп за ширењето на приватни фотографии и видеа – голема промена следува на Твитер!

Со цел да се прошири и надгради политиката на приватност и активно да ги вклучи приватните медиуми во истата, социјалната мрежа Твитер донесе голема промена.

Според соопштението кое беше објавено со јавноста, во иднина ќе биде забрането споделување видеа и фотографии од луѓе без нивна дозвола.

Според нивната постоечка политика за приватност, повеќе не е дозволено откривање на приватни информации на други луѓе, како што се телефонски броеви, адреси на живеење и лични карти, како и приватни податоци кои вклучуваат финансиски и медицински податоци.

Сепак, бидејќи постои голема загриженост за злоупотреба од медиумите, споделувањето лични податоци на медиуми како што се слики и видеа потенцијално може да ја наруши приватноста на една личност.

Затоа, тие одлучија да забранат споделување фотографии и видеа на приватни лица без нивна согласност.

Ова не значи дека Твитер ќе бара согласност од сите поединци кој сакаат да објават фотографија или видео, туку дека личноста на фотографијата или видеото ќе може да нагласи дали сака истата фотографија или видео да бидат тргнати од платформата.

Кога ќе бидеме известени од поединци кои се прикажани на фотографии или видео, или од нивниот овластен претставник, дека не се согласуваат да ја споделат нивната приватна фотографија или видео, ние ќе ја отстраниме. Ова не важи за медиумите што се занимаваат со животот на јавните личности или поединци, се вели во соопштението на Твитер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!