Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Забраните за патување нема да го спречат ширењето на новиот вид на Ковид-19, Омикрон

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека забраните за патување нема да го спречат ширењето на новиот вид на Ковид-19, Омикрон.

Здравствената агенција на Обединетите нации првично соопшти дека на луѓето кои се болни или се изложени на ризик да развијат тешка болест при Ковид-19 и можат да го загубат животот, им се советува да ги одложат патувањата. Препораката се однесуваше на луѓе на возраст од најмалку 60 години и оние со коморбидитети, вклучително и рак, срцеви заболувања и дијабетес.

Сепак, СЗО подоцна ја надополни препораката, наведувајќи дека на луѓето кои не се целосно вакцинирани или немаат докази за претходно прележан Ковид-19 се оние кои се изложени на поголем ризик, им се советува да ги одложат патувањата во области со висок пренос на вирусот.

СЗО ги повика сите патници да бидат внимателни, да се вакцинираат и да ги следат правилата за јавно здравје, без разлика дали се вакцинирани или не, препорачливо е да се носат заштитни маски, да се почитува социјалната дистанца и да избегнуваат преполни и слабо проветрени места.

СЗО изјави дека до 28 ноември, 56 држави воведоа ограничувања за патување, со цел да го „одложат“ доаѓањето на новиот вид на вирусот во нивните држави.

СЗО предупреди дека тоа нема да го спречи ширењето на новиот вид низ светот и дека мерките ќе имаат тешки последици по животот и егзистенцијата на луѓето и ги повика земјите да преземат пристап базиран на ризик при усвојување мерки, како што се тестирање на патници и карантин за истите.

Сите мерки треба да бидат сразмерни со ризикот, временски ограничени и да се применуваат со почитување на достоинството на патниците, човековите права и основните слободи – наведува СЗО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!