Вие имате прво да ја знаете вистината

Туск: Меркел ми призна дека е беспомошна и дека мора да го поддржи гасоводот Северен тек 2

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, минатиот викенд изјави дека Ангела Меркел (германската канцеларка во заминување) му признала дека е беспомошна да се спротивстави на притисокот од германскиот бизнис сектор да го поддржи гасоводот Северен тек 2.

Туск изјави дека одлуката за изградба на Северен тек 2 е најголемата грешка на германската канцеларка во заминување, пренесува британски Телеграф. Тој додаде дека Меркел го бранела контроверзниот проект на тој гасовод, иако имало силно противење од САД и германските сојузници во Европската унија.

„Таа го призна тоа во еден од нашите разговори“, рече Туск, кој тврди дека Меркел приватно му рекла дека нема избор, а сето тоа поради притисокот од германските бизнис лидери.

Инаку, по заминувањето од Брисел, Туск се врати на политиката во родната Полска, а не се двоумеше да зборува и за прашањето за овој нафтовод.

– Од гледна точка на интересите на Европската унија, Северен тек 2 е лош проект – рече Туск.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!