Вие имате прво да ја знаете вистината

Урсула фон дер Лајен: Време е Европската Унија да размисли за задолжителна вакцинација на населението

Европската Унија мора да размисли за задолжителна вакцинација како одговор на ширењето на високо заразниот нов вид на Ковид-19, Омикрон низ Европа, изјави денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мојот личен став е дека мислам дека е разбирливо и соодветно да ја имаме оваа дискусија сега – изјави фон дер Лајен на прес-конференцијата, нагласувајќи дека една третина од 450 милиони жители на ЕУ се уште не се вакцинирани.

Како можеме да поттикнеме и потенцијално да размислуваме за задолжителната вакцинација во Европската Унија ? За ова треба да се разговара. За тоа е потребен заеднички пристап, но мислам дека тоа е дискусија што ќе треба да ја водиме сите – изјави фон дер Лајен во обраќањето во Брисел.

Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но не секаде се користат на адекватен начин. И ова чини пари. Ова е огромен здравствен трошок – изјави фон дер Лајен.

Таа нагласува дека целосната вакцинација и бустер дозите на граѓаните им ја даваат најсилната заштита до сега од Ковид-19 вирусит во ситуација на двојна опасност – четвртиот бран на пандемијата и појавата на нов вид на Ковид-19.

СЗО вели дека новиот вид Омикрон е со висок ризик. Сè уште не знаеме доволно за тој вид, но знаеме толку многу што можеме да бидеме загрижени. Очекуваме за 2 до 3 недели да добиеме доволно информации за новиот вид, а дотогаш ќе имаме трка со времето што треба да ја користиме за вакцини и бустери – додава Лајен.

Претседателката на ЕК најави дека ЕУ до крајот на март ќе добие дополнителни 360 милиони дози на вакцини од компаниите Фајзер и Модерна, што, според неа, е доволно за бустер доза на сите вакцинирани Европејци.

Истовремено, во договор со Фајзер и Модерна работат на забрзана испорака на вакцини за деца, кои во ЕУ треба да бидат достапни од 13 декември.

Во случај постоечките вакцини да немаат доволна заштита кога станува збор за новиот вид на вирусот Омикрон, Урсула фон дер Лајен наведува дека на научниците им се потребни околу 100 дена за да ги прилагодат вакцините за новата мутација.

Да се ​​надеваме на најдоброто, но да се подготвиме за најлошото, ја заврши својата изјава, Фон дер Лајен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!