Вие имате прво да ја знаете вистината

Вистински хорор во Атланта: Маж убил две жени и еден полицаец, тешко рането е и едено малолетно дете

Јужно од американскиот град Атланта, во округот Клејтон , животот го изгубија четири лица, помеѓу кои и еден полицаец . Имено, патролата одговорила на повикот поради семејно насилство, а додека полицијата реагирала на пријавата, до диспечерот пристигнале повеќе повици дека имало истрели од огнено оружје, соопштија локалните инспектори за западните медиуми.

Откако пристигнаа повеќе патроли, полицајците се соочија со вооружен маж кој пукаше и го уби полицаецот Хенри Лаксон а дополнитело рани друг полицаец, соопшти Државното истражно биро за Џорџија (ГБИ). Полицијата потоа возвратила и го убила мажот на лице место.

Непосредно пред да пристигне патролата, мажот убил две жени и ранил 12-годишно момче во лицето, соопшти ГБИ. Началникот на полицијата во округот Клејтон изјави дека момчето е во критична состојба и се бори за живот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!