Вие имате прво да ја знаете вистината

Заменик-началникот на вселенските сили на САД обвинува: Русија и Кина од ден на ден ги напаѓаат американските вселенски сателити !

Заменик-началникот на американските вселенски сили, Дејвид Томпсон, изјави дека Русија и Кина наводно ја напаѓаат САД од ден на ден со помош на ласери, пречки на радиофреквенцијата, а исто така вршат и сајбер напади, пренесува весникот Вашингтон пост.

Според авторот на написот, генералот постојано одбивал да каже дали Русија или Кина извршиле напади врз американскиот воен сателит. Томпсон изјавил дека доколку се случи таков напад, информацијата ќе биде од строго доверлив карактер.

Кинезите се всушност далеку пред Русија. Воведуваат оперативни системи со неверојатна брзина, изјави американскиот воен претставник, нагласувајќи дека и Русија и Кина прават сателити кои можат да нападнат други сателити.

Тој тврди дека во 2019 година Русија наводно инсталирала мал сателит толку блиску до американскиот национален безбедносен сателит што Белата куќа не знаела дали да нападне или не. После тоа, рускиот сателит се оддалечил и наводно го тестирал оружјето, лансирајќи мала цел која потоа испукала проектил.

Сосема е очигледно дека Русите ни испратија сигнал со тоа, изјави Томпсон.

Тој, исто така, додаде дека Кина во моментов гради модел на глобални системи за сателитска навигација, додека неколку стотици кинески сателити за извидување, набљудување и идентификација на цели се распоредени во вселената за набљудување на кој било дел од Земјата.

Секако дека се уште сме најдобри во светот кога е потенцијалот во прашање. Но, тие брзо нè стигнуваат. И ако не се прилагодиме, до крајот на оваа деценија ќе имаме причини за загриженост, заклучи американскиот генерал.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Русија успешно извршила тестови на 15 ноември, при што бил погоден неисправен руски сателит Целина Д. Потоа, шефот на Пентагон, Лојд Остин, ја повика Русија да се однесува одговорно, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се загрижени за милитаризација во вселената.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу изјави дека фрагментите од стариот сателит, кои се формирани за време на тестирањето на антисателитскиот систем, не претставуваат никаква закана за вселенските активности.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!