Вие имате прво да ја знаете вистината

Австрија пред политичка криза: Не запираат оставките, си заминува и министерот за финансии

Откако лидерот на ОВП, Себастијан Курц, најави повлекување од политиката, а по него веднап следеше и канцеларот Алексадер Шаленберг, со објаснување дека функцијата треба да ја има идниот лидер на ОВП, сега и министерот за финансии Геронт Блимел вечерва поднесе оставка.

Бомел е еден од обвинетите во истрагата за проневера и поткуп, заедно со Курц, а поврзана со нарачување на анкети и истражувања.

Се шпекулира дека ОВП не сака да чека да види дали ќе се појават дополнителни онлајн разговори кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел.

Се појавија нови информации дека министерот за внатрешни работи Карл Нехмаер е претендент за функцијата лидер на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии.

Во австриската влада може да дојде до дополнителни промени во владата, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членки на владата кои биле многу блиски со Курц. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!