Вие имате прво да ја знаете вистината

Бредли Купер: Непознато момче во метрото ми се закануваше со нож, бегав колку што ме држат нозете

Холивудскиот глумец Бредли Купер (46), откри при гостувањето на подкастот „Armchair expert“ дека во 2019 година, во њујоршкото метро, непознато младо момче му се заканувало со нож, пренесува CNN.

Купер вели дека лицето му се приближило околу 11:45 часот и целата ситуација многу брзо ескалирала и станала тотално луда.

Се сеќавам дека ги видов неговите очи и ме шокираше тоа колку е млад, додаде глумецот во подкастот на глумецот Декс Шепард.

Купер вели дека во моментот на инцидентот ги носел слушалките, па не можел да слушне што се случува околу него, но забележал маж со нож, а додава дека сечилото на ножот било долго помеѓу 5 и 10 сантиметри, а ножот имал дрвена дршка.

Глумецот раскажува дека со трчање се оддалечил од напаѓачот и во бегањето ги прескокнал рампите за влез и излез за заверка на карта во метрото.

Бегав колку што ме држат нозете, едноставно почнав да трчам. Ја прескокнав бариерата и се сокрив кај влезот на метрото. Го извадив мобилниот телефон. Момчето кое ми се закануваше почна да бега и ја прескокна рампата. Го сликав и почнав да го бркам. Почна да бега по 7. Авенија и направив уште 2 слики од него, а потоа истрчав до двајца полицајци во возило и им ги покажав фотографиите.

Глумецот по овие настани отишол да ја земе својата ќерка од училиште.

Бев невнимателен, рече глумецот и додаде: „Сфатив дека премногу сум се опуштил во овој град“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!