Вие имате прво да ја знаете вистината

Брисел изненаден од одлуката на Лондон: Џонсон за претставник на Балканот го испраќа најсилниот тешкаш

Поранешниот шеф на Воениот комитет на НАТО, Сер Стјуарт Пич, ќе биде специјален пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, одлучи премиерот Борис Џонсон. Лондон ги следи стапките на Вашингтон, кој назначи специјален пратеник за регионот, Габриел Ескобар, и специјален пратеник за изборните реформи во Босна и Херцеговина, Метју Палмер.

Европската унија има специјален пратеник за дијалог меѓу Косово и Србија и други прашања во Западен Балкан, Мирослав Лајчак, а извршната директорка на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), Анџелина Ајнхорст преговара за изборните реформи во БиХ во име на ЕУ.

Во соопштението на британската влада за назначувањето на специјалниот претставник за Балканот се вели дека со тоа се покажува посветеност на стабилноста и просперитетот на регионот. Стјуарт Пич ќе ја преземе функцијата веднаш штом ќе поднесе оставка како претседател на воениот комитет на НАТО, што е најголемата воена функција во воената алијанса.

  • Како специјален пратеник на премиерот, Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, како и со други партнери во регионот и пошироко, како и со сојузниците од САД и Европа во промовирање и зајакнување на регионалната стабилност. Неговите работни обврски ќе вклучуваат промовирање силни демократски институции и отворено општество, помагање во борбата против организираниот криминал и другите заеднички безбедносни предизвици и охрабрување на решенија за преостанатите конфликти, како што се воените злосторства и исчезнатите лица, се вели во соопштението на британската влада.

Во соопштението се наведува дека британскиот пратеник во БиХ ќе го поддржи високиот претставник Кристијан Шмит и ќе работи со партнерите за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ.

Во истата изјава се вели дека високиот претставник предупредил дека БиХ се соочува со најголеми егзистенцијални закани во повоениот период и дека се уште постои реална можност за дополнителни поделби и конфликти.

  • Обединетото Кралство е длабоко посветенo на зајакнувањето на европската безбедност. Западен Балкан се соочува со најголемата закана за стабилноста и безбедноста во повеќе од две децении. Имаме одговорност да направиме се што можеме за да го зачуваме напредокот преку дијалог и мир – не смееме да дозволиме никакво враќање на насилството и поделбите од минатото. Огромното искуство и експертиза на Сер Стјуарт ќе ги зајакне напорите на меѓународната заедница за заштита на мирот и унапредување на евроатлантската интеграција, која е од клучно значење за регионот, рече Борис Џонсон.

Брисел не е изненаден од ваквата одлука на Лондон, кој сака да остане клучен фактор во регионот и по излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Како членка на НАТО, но и како постојана членка на Советот за безбедност на ОН и членка на групата Квинте (САД, ОК, Франција, Италија и Германија), Обединетото Кралство секако има важна улога во регионот.

Некои дипломати во Брисел се сепак изненадени што британската влада одлучила да стави ваков „тешкаш“ на таа позиција. Покрај тоа што беше шеф на Воениот комитет на НАТО, тој беше и шеф на Генералштабот на британската армија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!