Вие имате прво да ја знаете вистината

Бритни Спирс по 13 години го слави својот прв „слободен“ роденден!

Поп иконата, Бритни Спирс денеска го слави својот 40-ти роденден, а омилен подарок најверојатно на пејачката и е новостекната слобода откако нејзиниот татко Џејми управувал со нејзиниот имот и живот цели 13 години, а конечно сега е слободна.

Документарниот филм „Framing Britney Spears“ открива непознати детали од нејзиниот приватен живот, вклучувајќи го и тоа како нејзиниот татко и забранил да вози автомобил. Во бонус сцените од документарецот, Бритни одговори на прашањето кога последен пат се почувствувала слободна:

Да можеше да го вози својот автомобил ! Го сакам тоа – изјавила Бритни во документарецот.

Бритни моментално работи на нејзината свадба со 12 години помладиот, Сем Асгари, кој ја запроси во септември.

Пејачката зад себе има два пропаднати брака, а мајката е на два сина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!