Вие имате прво да ја знаете вистината

Цените на храната на светските берзи на највисоко ниво во последните 10 години

Цените на храната на светските берзи се зголемија во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Причина за продолжувањето на поскапувањето е зголемената побарувачка на пченица и млечни производи. 

Просечната вредност на индексот на цените на храната на ФАО, кој ги одразува месечните промени на меѓународните цени на основните прехранбени производи, достигна 134,4 поени во ноември, наспроти 123,8 во октомври. 

Ова е највисокото ниво од јуни 2011 година. На годишна основа, ноемврискиот индекс забележа скок од 27 отсто. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа во последната година поради зголемената побарувачка и недоволниот род.

ФАО неодамна ја намали прогнозата за производство на жито за 2021 година на 2,791 милијарди тони од 2,793 милијарди тони еден месец порано. Сепак, обемот на производство останува рекорден

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!