Вие имате прво да ја знаете вистината

Џенифер Лопез на високи потпетици помагаше на организацијата која што води борба против гладот во светот (фото)

Атрактивниот пар, Џенифер Лопез и Бен Афлек, заедно со нивните деца, ги „засукаа ракавите“ и почнаа да работат со цел да им помогнат на заедницата која што се занимава за борбата против гладот.

Сè започна во домот на Бен во Лос Анџелес кој се наоѓа во Округот Пацифик Палисадес, каде што беа домаќини на акција на меѓународната непрофитна организација Подигни го гласот против гладот.

Како што може да се види на фотографиите, Џенифер и Бен без двоумење истовариле големи и тешки вреки со храна. Станува збор за вреќи со ориз и други потреби кои тежеле по околу 22,5 килограми. Бен ја покажа својата физичка сила кога носеше две чанти на рамениците во исто време, но сепак – вистинската херојка е Џеј-Ло која сето тоа го направи на високи потпетици!

Се чини дека најстарата ќерка на Бен, 16-годишната Виолет, го водеше целиот процес, додека неговата втора ќерка, 12-годишната Серафина, сериозно ја сфати нејзината улога заедно со ќерката на Џенифер, 13-годишната Ема. Иако се уште не се официјално верени, а свадбата не е ни на повидок, но сега сите се однесуваат како големо среќно семејство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!