Вие имате прво да ја знаете вистината

Доналд Трамп со остри критики кон Меган Маркл: Таа е многу злобна и му ги уништи односите на Хари со фамилијата Еден ден ќе зажали за се што прави!

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп повторно остро ја нападна војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Трамп истакна дека не е нејзин обожавател, обвинувајќи ја дека не ја почитува кралицата Елизабета Втора, како и дека манипулира со принцот Хари уништувајќи ги неговите односи со семејството.

Поранешниот американски претседател додаде дека нејзините постапки и оние на принцот Хари и нанеле голема штета на монархијата.

Мислам дека ужасно го користи принцот Хари и дека еден ден ќе зажали. Мислам дека тоа му го уништи односот со семејството и дека сето тоа ја повредува кралицата која е голема жена и историска личност – изјави Трамп, додавајќи дека на војвотката од Сасекс најмногу и се прекорува што се меша во американската политика, и дека има индиции кој што доаѓаат и ги дава Џоз Бајден, а тоа беше еден од малите фактори да победи на минатогодишните претседателски избори.

Трамп изјави дека ја искористила својата кралска титула за да може да се меша во американската политика и да лобира членови на Конгресот обидувајќи се да прават работи што не се соодветни.

Да потсетиме, ова не е прв пат Трамп да се судри со Меган и Хари. На почетокот на оваа година тој изјави дека ќе оди на американските избори во 2024 година доколку Меган се кандидира и дека ќе има повеќе мотив да се натпреварува бидејќи во никој случај не е нејзин обожавател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!