Вие имате прво да ја знаете вистината

Државата му дала ковид субвенции, тој ги потрошил на Ламборџини, Ролекс и стриптизети и заработи девет години затвор

Ли Прајс Трети, 30 годишник од американската сојузна држава Тексас, во понеделникот беше осуден на затворска казна од девет години и два месеци, затоа што преку програмата на Владата на САД за финансиска помош за време на корона пандемијата, нелегално прибавил 1.6 милиони долари, пишува CBS.

Министерството за Правда на САД пренесува дека Прајс ја признал вината за проневера и перење пари.

Владата на САД, по омасовувањето на пандемијата, го излгаса Законот за помош, поткрепа и економска сигурност (CARES), како би ги субвенционирале младите претприемачи во време на економската криза поради корона вирусот.

Во Законот е внесена и програмата за заштита на платата (PPP), програма со која се до мај 2021 година, на претприемачите им се нудат парични позајмици, за полесно справување со економските потешкотии.

Според Министерството за Правда во САД, Прајс во измамата пријавил две различни позајмици во висина од 2.6 милиони долари.

Прајс успеал да приграби повеќе од 1.6 милиони долари, со тоа што лажел колку луѓе работат во неговата фирма и колкави им се платите. Прајс така заверил дека во неговата фирма Price Enterprises работат 50 луѓе и дека месечните трошоци за плати изнесувале 375 илјади долари. Во текот на истрагата е утврдено дека во неговата фирма нема ниту еден вработен и не е исплатена ниту една плата, па дури ни дека никогаш никој и не работел во таа фирма.

https://www.instagram.com/p/CW8PYNdrYT1/?utm_source=ig_web_copy_link&fbclid=IwAR1hxAJIWkGe1lhDvPYz2pyUNSuffRZs_qetEvRyBUEMgulqK_HqEEZp4l8

Откако ги добил парите, Прајс ги потрошил на луксузни автомобили од марките Ламборџини Урус и Форд Ф-350 и на часовник Ролекс. Две илјади долари ги потрошил во стриптиз клуб, повеќе од 700 долари ги потрошил во продавници за алкохол, преку 2500 долари ги потрошил во ноќни клубови, а дел од парите ги потрошил и за исплаќање на станбениот кредит.

Министерството за Правда вели дека успеале да спасат 700 илјади долари кои Прајс се уште ги имал.

Во обвинението против Прајс е наведено дека во 2010 година е осуден за измама, а 2011 за грабеж. Против него во Тексас се води процес за манипулирање со податоци.

САД досега обвини повеќе од 160 луѓе за измама на PPP системот, а запленети се над 75 милиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!