Вие имате прво да ја знаете вистината

Една од најпотресните фотографии која го шокираше светот: Девојчето умира пред очите на фоторепортерот

По ерупцијата на вулканот во градчето Тормеро, во Колумбија, девојчето Омајра Санчез останала заглавена во рушевините на куќата.

Агонијата траела речиси цели три дена, потребната помош никогаш не ни дошла, а на спасувачите единствено им преостанувало да ја тешат во последните моменти од животот.

Фотографот Франк Фурниер, во 1985 година бил на лице место и прво ја фотографирал катастрофата, а потоа го одвеле до девојчето кое било во кал до половината, а нивото на водата и калта константно растело, од час во час, поради непрекинатите врнежи.

Фурниер останал со Омајру до нејзиниот последен здив и во тие моменти настанале фотографиите кои светот никогаш не ќе може да ги заборави.

Се чувстував тотално немоќен пред ова девојче кое храбро и достоинствено ја гледаше смртта во очи, изјавил Фурниер.

Што точно се случило во живот на малата Омајре и зошто после 3 дена никој не можел да ја спаси?

Невадо дел Руиз е името на вулканот во Колумбија кој пред 1985 година не покажувал активност уште од далечната 1840 година. Во септември се чувствувале повеќе силни земјотреси кои ја растревожиле јавноста, а најмногу локаното население на околните градови, како што е Армер, каде во моментот живееле околу 31,000 жители, а се наоѓа на 50 километри источно од вулканот.

И покрај земјотресите, никој не е евакуиран и на 13 ноември 1985 година, Невада дел Руиз еруптираше. Била мала експлозија, но доволно голема а да почне да катаклизмична поплава од лава и кал. Со брзина од 40 километри на час, калта надошла над Армер и само за неколку секунди 85 отсто од градот бил покриен со тешки наслаги.

Патиштата, куќите и мостовите биле уништени, а калта се простирала на повеќе од километар. Заробени биле и граѓаните кои се обиделе да избегаат, затоа што никој не можел да се избори со лизгањето на земјиштето и калта која надошла во градот.

И додека некои „среќно“ поминале само со повреди, поголемито дел од градот бил избришан и околу 25.000 луѓе загинале. Преживеала само една петтина од населението.

По раздорните наноси, поминале неколку часа откако започнало спасувањето на оние кои преживеале и заробените во калта и рушевините. Задоцнетата реакција придонела за болна и бавна смрт за многумина.

Фоторепортерот Френк Фурниер стигнал во Богота два дена по ерупцијата. После пет часа возење и два и пол часа пешачење, конечно пристигнал во Армер каде планирал да го фотографира спасувањето на преживеаните. Кога стигнал таму го пречекал ужас каков не очекувал. Наместо организирани акции за спасување, имало само хаос и очај.

Секаде околу мене, преку сто луѓе беа заробени. Спасувачите имаа потешкотии да стигнат до нив. Можев да ги слушнам врисоците за помош, а потоа тишина – морничава тишина. Беше ужасно, рече за BBC две децении по трагедијата.

Она што оставило трага во неговиот живот, кога еден фармер, во целиот тој хаос, молел да го одведе до куќата на некое девојче на кое му е потребна помош. Му раскажал дека девојчето е заробено под својата уништена куќа веќе 3 дена.

Нејзиното име било Омајра Санчез. Спасувачите од Црвен крст и локалното население се обидувале да ја извлечат, но нешто под површината на водата и ги приклештило нозете и не можеле да ја поместат и една педа. Во меѓувреме, новото на водата околу Омајра постојано растело поради дождовите кои не престанувале да паѓаат веќе 3 дена.

Како што пренесувал за Њујорк пост, Омајра Санчез, 13 годишното девојче кое 60 часа било заглавено во калливата вода до вратот, ја изгубило битката.

Спасувачите на Црвениот крст повеќе пати апелирале до Владата за пумпа за вода, како би го намалиле нивото на водата, но и други методи за помош за ослободување на девојчето заробено по ерупцијата.

Кога волонтерите прв пат го слушнале нејзиниот крик за помош, ја пронашле заробена покрај телото на тетка си, прилепена за ѕидот. Пред да почине, откриле дека нозете на девочето се заплеткани во рацете на нејзината мртва тетка.

Доброволците, пожарникарите и граѓаните се обиделе да го извлечат девојчето со копање, а во еден момент се обиделе да го подигнат телото на мртвата тетка со јаже кое висело на хеликоптер. Ништо не било од корист.

Кога починала во 9.45 утрото, главата на Омајра паднала назад во водата и само носот, устата и едното око и останале на површината. Некој тогаш неа и нејзината тетка ги прекрил со плаво-бел кариран чаршав, напишаа тогаш во Њујорк пост.

Мајката и братот на девојчето, Марија Алеида Санчез и Алваро Енрике Санчез, побегнаа и се живи, пренесле Ројтерс.

Нејзиниот татко останал под рушевините на нивната куќа.

Ќе живеам за својот син, кој остана без прсти, рекла мајката, пренесе тогаш Њујорк пост.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!