Вие имате прво да ја знаете вистината

Емануел Макрон обвиент за навреда на Борис Џонсон поради изјавата: Тој е кловн и се претвара во циркус!

Францускиот претседател, Емануел Макрон наводно го навредил премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон минатата недела, за време на неговата посета на Хрватска.

Францускиот претседател го нарекол Џонсон дека е кловн, а се започнало со телефонскиот разговор што двајцата го имале во врска со трагедијата на Ла Манш, во која се удавија 27 мигранти обидувајќи се да стигнат до британскиот брег.

За време на разговорот, советниците на францускиот претседател забележале дека Џонсон го објавил писмото на својот Твитер профил што му го испратил на Макрон, а кое Макрон се уште не го ни прочитал.

Џонсон ми зборува, приземјен е и се е во ред, разговараме како возрасни, а потоа нè „зафркнува“ на крајно неелегантен начин – наводно им рекол Макрон на своите советници. Секогаш истиот циркус, додадел тој.

Францускиот претседател, исто така, наводно тврдел дека откако Велика Британија се повлече од Европската Унија, Џонсон сфатил дека тоа е катастрофално за Британците.

Се претставува како жртва, прави жртвено јагне од Франција и се обидува секоја поедноставена ситуација да ја претвори во комплексен проблем. Во ваква ситуација сме од март – наводно рекол Макрон.

Макрон додава дека Борис Џонсон приватно ќе каже дека му е жал што се однесува така, но дека мора да одговори на јавното мислење.

Многу е тажно да се види голема земја, со која можевме толку многу, а која ја води кловн – изјавил Макрон, пред наводно да додаде дека Џонсон има став на безвреден човек.

Елисејската палата се уште не ги коментираше овие наводи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!