Вие имате прво да ја знаете вистината

Гледал премногу филмови: Маж облечен како нинџа украл автомобил, нападнал две полицајки и завршил повреден во болница

Маж облечен како нинџа со меч нападнал и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата тргнала да апси непознат маж поради кражба на автомобил, јавува Ројтерс.

Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, сторителот, чие име и националност не се наведува, удрил во билборд и застанал во близина на бензинска пумпа.

Лицето потоа излегло од автомобилот облечено како нинџа и со катана, јапонски самурајски меч, се упатил кон полициското возило.

Прво со катана ја удрил едната полицајка по брадата, а потоа и другата по главата.

Трет полицаец конечно успеал да го застрела напаѓачот, го погодил во стомакот и му нанел тешки повреди, па со хеликоптер бил пренесен во болница.

Двете полицајки се здобиле со полесни повреди и исто така се пренесени во болница.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен се огласи на Твитер за да го коментира инцидентот и рече дека ја поддржува полицијата.

  • При интервенцијата, двајца полицајци се повредени поради кражба на возила во Шербур. Поддршка за националната полиција, напиша Дарманен на Твитер.


Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!