Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ пред полуфиналниот дуел на Дејвис купот порача: Ова не е обичен натпревар, играа Србија и Хрватска

Со победата над Казахстан во рамки на Дејвис купот, репрезентацијата на Србија обезбеди полуфинална пресметка со репрезентацијата на Хрватска, која ја најави првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ .

Ѓоковиќ смета дека ова нема да биде обичен натпревар.

Очигледно има големо ривалство помеѓу нас, бидејќи се работи за соседни земји и секогаш има дополнителен притисок, дополнителна мотивација и дополнителни очекувања на двете нации и се очекува победа. Што и да се случува на теренот, е многу убаво во смисла на позитивна порака и почит како и пријателство со овие момци на теренот и надвор од теренот. Сигурен сум дека двете репрезентации ќе дадат се од себе за да победат. Не е само полуфинале, играат Хрватска и Србија и тоа е дополнително значење за нас – изјави Ѓоковиќ.

Тој истакна дека Хрватска досега игра многу добро во Дејвис купот. Хрватите во групата ги победија Австралијците и Унгарците додека во четвртфиналето ги победија и Италијанците.

Тие момци се одлични. Го познавам Чилиќ, имавме одлични дуели низ годините. Го познавам многу добро. Борна Гојо е едно од најголемите изненадувања на турнирот, го доби Сонга во Италија што беше импресивно. Тој е млад и одлично игра. Ги имаат најдобрите двојки во светот. Мектиќ и Павиќ. Тие победуваат на повеќето натпревари што ги играат. Видовме како лесно победија и во Дејвис купот – објасни Ѓоковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!