Вие имате прво да ја знаете вистината

Иран возвраќа на притисоците, поднесе предлог за укинување на санкциите

Со нацрт-предлог за укинување на санкциите, Иран побара почитување на обврските на европските сили во разговорите за спасување на Виенскиот нуклеарен договор, вели иранскиот преговарач.

Четири дена по почетокот на индиректните разговори помеѓи САД и Иран за повторно активирање на Виенскиот договор, денеска беше соопштено дека укинувањето на санкциите е црвената линија за Иран.

– Предадовме два нацрт-предлози. Се разбира, тие треба да ги проверат текстовите што им ги дадовме и ако се подготвени да ги продолжат разговорите, ние сме во Виена да ги продолжиме, изјави Али Багери Кани, шеф на иранскиот преговарачки тим и заменик министер за надворешни работи.

Преговорите се одложуваа пет месеци поради изборот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој се смета за антизападен политичар.

Европски дипломат во Виена потврди дека Иранците доставиле нацрт-документи до европската страна.

Договорот предвидува ограничување на нуклеарната програма на Техеран за збогатување на ураниумот, како можен начин за создавање на нуклеарно оружје, а светските сили ветуваат олесување на економските санкции.

Иран се уште стои на ставот дека се обидува само да произведе нуклеарна енергија само за цивилни цели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!