Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел смета дека Иран врши нуклеарен рекет, бара прекин на преговорите во Виена

Според израелскиот премиер Нафтали Бенет, Техеран спроведува нуклеарна уцена како преговарачка тактика и на неа треба веднаш да се одговори со итно прекинување на преговорите и спроведување на острите санкции на светските сили.

Израел побара од светските сили да ги прекинат преговорите за нуклеарната програма со Иран и го цитираа извештајот на Агенцијата за нуклеарен надзор на Обединетите нации во кој се вели дека Техеран почнал да произведува збогатен ураниум со уште понапредни центрифуги.

– Иран спроведува нуклеарна уцена како преговарачка тактика и треба веднаш да се реши со итно прекинување на преговорите и спроведување на остри мерки од светските сили, изјави Бенет во телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, соопшти Кабинетот на Бенет.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти дека Иран започнал процес на збогатување ураниум до 20 отсто чистота во напредни центрифуги IR-6 во неговата нуклеарна централа Фордов, закопана во планина.

Во Виена се одржуваат разговори помеѓу Иран и светските сили со желба да се оживее нуклеарниот договор од 2015 година, со кој Техеран беше ограничен во развојот на нуклеарната програма, а за возврат би добиле намалување на санкциите.

Доналд Трамп ги повлече САД од Виенскиот договор во 2018 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!