Вие имате прво да ја знаете вистината

Израелскиот премиер ги повика САД да ги прекинат нуклеарните преговори со Иран

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет денeска повика на „итен прекин“ на обновените нуклеарни преговори помеѓу Иран и големите сили, обвинувајќи ја Исламската република за нуклеарна уцена.

Во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, Бенет, кој беше постојан противник на договорот од 2015 година, кој силите се обидуваа да го оживеат, повика наместо тоа да се преземат „конкретни мерки“ против Иран.

Тој изјави дека Иран спроведува ‘нуклеарна уцена‘ како преговарачка тактика и дека тоа мора да биде исполнето со итен прекин на преговорите и со конкретни чекори преземени од големите сили, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!