Вие имате прво да ја знаете вистината

Од Закерберг вечера со печено јаре, од Маск фала за се што направи, се челичи во вода со лед, како живее бившиот директор на Твитер?

Џек Дорси предизвика доста контроверзи и критики со својот начин на живот, а после отставката од позицијата извшен директор на Твитер, повторно се пишува за неговите чудни навики кои луѓето често ги коментираат.

Иако е еден од најскромните луѓе меѓу милјардерите, Џек Дорси сепак поседува прекрасна куќа, излегува со актерки и вози брзи автомобили.

Со своето богатсто, стекнато благодарение на актуелноста на Твитер си купил БМВ од серијата 3, но наводно не го возел често.

Исто така, платитл 9.9 милиони долари за куќа на море во Ел Камино Дел Мару, во ексклузивната населба Сиклиф во Сан Франциско.

Куќата има поглед на мостот Голден Гејт, на кој Дорси гледа како чудо од дизајн.

Признава дека ужива во сите станувања и падови кои доаѓаат со непредвидената употреба на твитер од страна на Маск. Маск одговори на признанието на Дорси и кажа дека му е омилен корисник на мрежата и му се заблагодари за се што направил за интернет заедницата на Твитер. Напиша „Твитер е закон“ на социјалната мрежа.

Дури и Марк Зукерберг се обиде да се зближи со Џек Дорси така што му подготвил вечера на која го послужил со месо кое самиот го уловил. Доси пак вели дека Марк го послужил со ладно јарешко, па морал да се држи исклучиво до салатите.

https://www.instagram.com/p/Izn2jyAQ2j/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a14c1d5e-86c2-4e06-a721-6af018d7a6a5

Дорси додава дека јаде само еден оброк дневно и пости преку целиот викенд. Вели дека кога првиот пат се обидел да пости имал чувство дека халуцинира.

Беше чудна состојба во која се наоѓав, но откако го направив истото и следните два пати, ми стана толку очигледно колку се нашите денови фокусирани на јадењето и како времето навистина успори кога почнав со редовен пост, вели Дорси.

Исто така, Дорси секојдневно скока во заледена бања како би се разбудил наутро. Тој потоа седи во сауна 15 минути, а потоа се враќа во ладната бања и тоа го прави три пати.

Што се однесува до девојките со кои се гледа, единствените за кои јавноста знае се актерката Лили Кол и танчарката Софиан Силве.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!