Вие имате прво да ја знаете вистината

Катја (20) починала по вакцинирањето, министерот Поклукар: Поведовме истрага, поврзано е со вакцината на Џонсон

Комисијата која работеше на трагичниот случај за смртта на 20 годишната Катја од Словенија, која во септември оваа година, поради тромб кој предизвикал излив на мозокот, почина во клиниката во Љубљана, ја потврди поврзаноста помеѓу смртта на девојката и вакцинирањето со вакцината на Johnson & Johnson.

Во вторникот веста беше објавена на прес-конференција од страна на министерот за здравство Јанез Поклукар, кој притоа рече дека ќе предложи стопирање на вакцинацијата со Johnson & Johnson во Словенија, и таа да биде достапна само доколку лицето изрично ја бара таа вакцина.

Координаторот на комисијата, инаку раководител на подрачната единица на Националниот институт за јавно здравје во Марибор, Зоран Симоновиќ, вели дека Комисијата била составена од пет членови, неуролог, инфектолог,интернист, фармаколог и епидемиолог.

Посебна комисија потврди, дека откако е спроведена темелна истрага, во овој случај како резултат на вакцинацијата се развила тромбоцитопенија. Комисијата ги прегледала сите документи што им ги доставил матичниот лекар и документацијата од моментот на вакцинирањето на пациентката, а според зборовите на Симоновиќ, 20 годишната девојка претходно немала никакви здравствени проблеми кои би можеле да влијаат негативно на процесот на вакцинација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!